Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ имаше одлична дебитантска сезона во американската МЛС-лига, на 27 меча во дресот на Лос Анџелес галакси даде 22 гола, имаше и седум асистенции, покажувајќи дека годините ништо не му можат.
Со оглед на тоа дека Галакси ја заврши сезоната малку порано, Златан и друштвото имаа повеќе време за одмор, но и на одморот му дојде крај. Доказ е снимката од соблекувалната по одработен тренинг, но клипот е многу поинтересен по музиката која се слуша во заднина.
Додека Ибра се подготвува, во соблекувалната ечи стариот хит „Београѓанка“ од легендарниот босански пејач Халид Бешлиќ. Очигледно дека Швеѓанецот многу го почитува Халид и не само што ја слуша, туку повремено и си ги потпевнува стиховите од оваа позната песна, па тоа дополнително ги воодушеви неговите фанови од екс југословенските простори.
Еве ја атмосферата во соблекувалната на ЛА галакси: