34.8 C
Skopje
вторник, 8 јули 2025

Смарт не бил баш паметен по поразот од Мајами, фрлал предмети во соблекувлната

Во Бостон селтикс не го прифатија најдобро вториот пораз во финалната серија на Источната конференција во НБА-лигата, а особено тоа се однесува на Маркус Смарт, кој според американските медиуми, дивеел по мечот и предизвикал хаос во соблекувалната на Келтите. Смарт бил слушнат како им се дере на своите соиграчи, пцуел, а потоа од лутина почнал да фрла предмети.

Дури и кога завршил со туширање и излегол од соблекувалната, Смарт продолжил да се дере. Тој не сакаше да даде изјава за медиумите, а пред новинарите се појави Кемба Вокер, кој за однесувањето на Смарт рекол дека „не е ништо страшно“ и дека нема што многу да се зборува на таа тема. И тренерот Бред Стивенс застана во одбрана на Смарт.

„Момците беа многу емотивни по овој тежок пораз“, изјави Стивенс.

- Оглас -

Најнови вести