Еден од најдобрите голмани на сите времиња, Мануел Нојер, одлучи да ја заврши својата репрезентативна кариера.
Последниот настап на Нојер за Панцерите беше на ЕВРО 2024, како и на Тони Крос, Томас Милер и Илкај Гундоган, кои исто така веќе нема да играат за селекцијата на Германија.
Нојер за националниот тим бранеше 124 пати, а на 51 меч не прими гол. Најголем успех му беше освоената титула светски првак во 2014 година.