Сменето правилото за должината на мечевите од полуфиналето на Купот на Италија!

По пауза од повеќе од три месеци, фудбалот во Италија ќе продолжи в петок, кога е закажан реванш-мечот од полуфиналето на Купот на Италија меѓу Јувентус и Милан. Ден подоцна ќе играат и Наполи – Интер, по што ќе се знаат двата финалисти кои ќе се борат за трофејот.

Јувентус одигра 1:1 на првиот меч на „Сан Сиро“, додека Наполи со предност од 1:0 ќе ги пречека Нераѕурите. Бидејќи ова се активни резултати за сите екипи, решено е дека во случај дуелот во Торино повторно да заврши 1:1 по 90-тата минута, а ако Интер со 1:0 победи во Неапол, да нема дополнителни 30 минути игра, како што наложуваат правилата.

Одлучено е дека поради згуснатиот распоред кој следува во Серија А, мечевите од Купот да немаат продолженија, туку ако е нерешено по двомечите, тогаш веднаш да се шутираат пенали. Така би било и за финалето. Ако нема победник по 90 минути, нема да има продолжувања од 30 минути, туку веднаш ќе се изведуваат ударите од белата точка.

Според планот во Италија, првенството во Серија А треба да продолжи на 17 јуни.

 

- Оглас -

Најнови вести