Шкендија е многу блиску до настап во второто квалификациско коло за настап во Конференциската лига на УЕФА, откако за 66 секунди се затресе мрежата на Арарат на реваншот во Ереван, а потоа тетовци постигнаа уште еден погодок во финишот на првото полувреме.
Шкендија изведе молневита контра на самиот почеток на реваншот, а Хуан Браво си постигна смешен автогол, откако се сплетка, падна и со нога си ја затресе својата мрежа.
Целата ситуација и автоголот на Браво можете да ги погледнете ОВДЕ.
Потоа и Гури беше прецизен во третата минута од судиското продолжение на првиот дел и Шкендија води со 2:0 по првото полувреме на реванш мечот, односно со вкупни 4:0 и и се потребни уште 45 минути сигурна игра за двомеч против летонска Валмеира.
Голот на Гури можете да го погледнете ОВДЕ.
Во исто време од 17 часот се игра и реваншот меѓу Академија Пандев и Лехија, каде Полјаците водат со 1:0 во Скопје и се речиси сигурни патници во следното коло.
Лехија го доби првиот меч со 4:1 и сега на само едно полувреме до крајот на двомечот со струмичани има убедлива позитива од 5:1.