„Софаскор“ е една од најпознатите фудбалски страници на светот, но сега се посрамоти со изборот на дримтимот на првото коло на Мундијалот во Катар.
Шпанија, која ја декласира Костарика со 7:0, има само еден фудбалер во идеалниот тим, и тоа левиот бек Жорди Алба, што е чудно за тим што постави личен рекорд на Мундијалите со најубедливата победа во историјата на Црвената фурија.
Белгија, која одигра многу слабо и незаслужено ја победи Канада со 1:0, има двајца играчи, односно голманот Тибо Куртоа заслужено и Тоби Алдервејрелд.
И Англичаните се оштетени само со еден играч, Бакајо Сака, иако одиграа фантастично и го победија Иран со 6:2.
Еве го изборот на „Софаскор“, кој и според коментарите на социјалните мрежи е контроверзен.
https://twitter.com/SofascoreINT/status/1596066123862138881?s=20&t=bBghhMEj9lZifNdwrcjLJw