Смешна е паричната казна за „рекламирањето“ на Меси

Дисциплинската комисија на Ла Лига изрече парична казна од вкупно 950 евра на Барселона за рекламирањето на капитенот Меси при прославувањето на погодокот против Осасуна изминатиот викенд.

Со покажувањето на дресот на Марадона од Њуелс олд бојс, Меси прекршил две правила за забрането рекламирање на амблеми од клубови или останати компании со кои не е склучена соработка. Се предвидуваше казна до 3.000 евра, но наведената сума е смешна со оглед на тоа дека се работи за чистонамерен гест кон клупската легенда и фудбалска икона.

Барселона ќе се жали околу казната со оправдување дека капитенот воопшто немал намери да направи бесплатна реклама, туку да му оддаде чест на својот идол кој почина пред неколку дена.

- Оглас -

Најнови вести