Смешна е платата на Нуњес во однос на Халанд, иако неговиот трансфер е речиси двојно поскап

Премиер лигата доби две нови ѕвезди со Ерлинг Халанд и Дарвин Нуњес, кои ќе треба да се докажуваат во најквалитетната фудбалска лига во Европа иако квалитетот им е неспорен.

Споредбите на новите звучни имиња на Манчестер сити и Ливерпул започнаа уште пред двајцата да дебитираат за шампионот и вицешампионот на Англија. Овојпат се работи за нивните плати.

Иако преселбата на Халанд чинеше скромни 60 милиони евра за денешно време, односно Ливерпул урна клупски рекорд и за 100 милиони го доведе Нуњес, има огромна разлика во нивните плати.

Халанд е втор најплатен фудбалер во Премиер лигата со 500.000 евра неделна плата, веднаш зад Кристијано Роналдо, додека пак Ургваецот ќе заработува 163.000 евра неделно на „Енфилд“.

Без разлика на примањата, од двајцата се очекува истото, да ги тероризираат противничките одбрани и да носат успеси за големите англиски ривали.

- Оглас -

Најнови вести