Смешниот автогол само потврдува колку Ренџерс беше очаен против ПСВ (Видео)

ПСВ Ајндховен убедливо со 5:1 го победи Глазгов ренџерс и со вкупни 7:3 во двата меча беше подобар во бараж-дуелот за пласман во групната фаза од Лигата на шампионите. Холандскиот тим водеше само со 1:0 на полувреме, а во вториот дел целосно го скрши отпорот на гостите.

За тоа колку очајна беше одбраната на шкотскиот тим се покажа во 81-вата минута, кога беше постигнат еден од посмешните автоголови. Голдсен сакајќи да ја врати топката на својот голман, шутна директно кон голот што требаше да го чува и на крајот си постигна автогол, кој може да го видите ТУКА.

- Оглас -

Најнови вести