19.8 C
Skopje
понеделник, 18 август 2025

Сметката покажува како Дерби каунти славеше по победата над Лидс

Фудбалерите на Дерби каунти остварија многу важна победа над Лидс во битка за влез во Премиер лигата. До елитата ги дели само уште победа над Астон вила во финалето на „Вембли“, на 27 мај, а пласманот во тој меч, играчите и стручниот штаб го прославија со многу испиен алкохол.

На Интернет се појави фотографија од сметката во пабот која ја платил тренерот Френк Лампард, а таму има шокантни бројки. Ако клубот влезе во Премиер лигата, ќе заработи најмалку 100 милиони фунти, па затоа си дозволија да се релаксираат и да заглават до раните утрински часови.

Сметката која Лампард ја плати е 2.800 фунти. Биле испиени 209 пива, 75 јегера, 65 вотки, а интересно е што некој има нарачано диетална кока-кола.

 

- Оглас -

Најнови вести