Смит Роу долго ќе остане во Арсенал, Топчиите му ја подготвија десетката на Озил

Емил Смит Роу долго ќе игра за Арсенал откако денеска го продолжи договорот со Топчиите, чиј член е од деветгодишна возраст.

Офанзивниот играч за врска има 20 години, а интересно е што го смени бројот на дресот, па сега ќе ја има десетката што му припаѓаше на Месут Озил.

Смит Роу двапати беше на позајмица, најпрво во Лајпциг, а потоа и во Хадерсфилд, но се врати во Арсенал и имаше солидна сезона, иако на почетокот беше повреден.

„Емил е многу интелигентен играч и се радувам што го продолжи договорот. Од него Арсенал очекува многу во иднина“, изјави Микел Артета, тренерот на Арсенал.

Арсенал за Смит Роу имаше неколку понуди од реномирани клубови, но ги одби и потпиша нов договор со својот фудбалски талент.

 

- Оглас -

Најнови вести