Смртни пораки за играчот на Лацио затоа што Небесносините победија со 5:1

Лацио со 5:1 го растури СПАЛ со што римскиот тим само ја потврди силата и останува во трка за титулата во Серија А. Небесносините сега имаат 49 бодови, пет помалку од лидерот Јувентус, но и меч помалку.

Денеска на „Олимпико“ навивачите уште во првото полувреме знаеја дека победата ќе биде за нивниот омилен тим, затоа што Лацио веќе водеше со 4:0. Во вториот дел, домаќините дадоа само уште еден гол, а гостите постигнаа почесен погодок.

Иако не даде гол, еден од подобрите кај Лацио беше Мануел Лацари кој имаше две асистенции. По мечот, играчот на Лацио се пожали дека добил смртни закани од навивачите на СПАЛ. Пред да дојде во Лацио, Лацари седум години играше за СПАЛ.

„Не заслужувам смртни закани. За седум години дадов сѐ од себе. Секогаш ќе бидам благодарен на СПАЛ. Секогаш. Затоа и не го заслужувам ова“, напиша Лацари.

 

- Оглас -

Најнови вести