Смртни закани од фанови на Барселона кон фудбалер на Интер

По победата на Интер над Барселона, фудбалерот на Нераѕурите од Милано, Алесандро Бастони, на социјалните мрежи се пофали со фотографија на која тој по земја го влече младиот противнички играч Гави.

Но, токму таа објава беше причина за гнев кај фановите на каталонскиот клуб, а некои од најекстремните поддржувачи на Барса испратија и смртни закани кон Бастони, и тоа не нему директно, туку преку неговата девојка Камила.

Некои од навивачите на Барселона, кај Камила порачуваат дека ќе му ги скршат нозете на нејзиниот партнер и веќе нема да може да игра фудбал, други велат дека го чекаат во Барселона со пиштол. Интер в среда на 12 октомври ќе гостува на „Камп ноу“ и јасно е кој играч на Интер ќе биде најнепријателски дочекан.

 

- Оглас -

Најнови вести