По шест месеци од смртта на еден од најдобрите фудбалери во историјата, Диего Армандо Марадона, пристигна и лекарскиот извештај кој вели дека смртта можела да се избегне.
Марадона почина на 25 октомври минатата година од срцев удар. Три недели претходно имаше операција на мозокот за отстранување тромб, а потоа беше на рехабилитација.
Медицинскиот извештај направен од специјална комисија назначена од аргентинските власти заклучи дека смртта на Марадона можела да биде избегната. „Небрежноста во третманот и грижата за пациентот влијаела на неговата смрт“, стои во дел од извештајот.
По овој медицински извештај, јасно е дека лекарите кои беа задолжени за здравјето на Марадона може да бидат обвинети за убиство од небрежност. Истрагата се води против седум лица.