Македонската фудбалска репрезентација го одработи првиот тренинг како подготовка за последните два меча од Лигата на нации. На 14 ноември Македонија на арената „Тодор Проески“ ќе игра против Летонија, а потоа, в недела ќе бидеме домаќини и на Фарски острови.
Денеска беше собирот на националниот тим, а вечерва беше одработен и првиот тренинг на тренинг центарот „Петар Милошевски“.
Ладно беше времето, па фудбалерите решија да тренинраат во тренерки, а дел од нив носеа и капи, што само потврдува дека временските услови не се наклонети.