СМС оди во Саудиска Арабија, Лотито: „Ме молеше да го пуштам“

Сергеј Милинковиќ-Савиќ и дефинитивно својата кариера ќе ја продолжи во Ал-Хилал од Саудиска Арабија. Ова го потврди и претседателот на Лацио, Клаудио Лотито, кој во изјава за италијанските медиуми кажа дека фудбалерот сам побарал понудата да биде прифатена.

„Ако некој сака да оди во Саудиска Арабија, прва и единствена причина за тоа се парите и тоа им е јасно на сите. Што да направам ако некој сака да си оди од клубот? Со него имам одличен однос и на крајот самиот фудбалер е тој што одлучува. Ми се јави на телефон и ме молеше да го пуштам и да ја прифатам понудата на Ал-Хилал. Ќе заработи големи пари. Јас сè уште немам ништо потпишано. Ми кажаа само дека пристигнала добра понуда, не толку за клубот, колку за самиот фудбалер“, изјави Лотито.

Понудата на Ал-Хилал изнесува 60 милиони евра за три сезони за Сергеј Милинковиќ-Савиќ и 40 милиони евра за Лацио, како обесштетување за предвремениот раскин на договорот.

- Оглас -

Најнови вести