Снајдер е икона на Ајакс, но за навивачите е персона нон грата: Ако овој идиот се врати во клубот, тогаш ќе има војна

Навивачите на Ајакс, поточно групата „Ф-сајд“ која ја сочинуваат најжестоките фанови на холандскиот тим, се противат на доаѓањето на клупската легенда Весли Снајдер во тимот, овој пат како дел од стручниот штаб.

Снајдер професионалната кариера ја започна токму во Ајакс, а по пет години се пресели во Реал Мадрид, а потоа играше за Интер, Галатасарај и Ница, а кариерата ја заврши во Катар. Иако е легенда на клубот, навивачите на Ајакс не можат да му простат тоа што пред три години, проштелниот натпревар го играше во Утрехт, а не во Амстердам.

Сега, кога името на Снајдер се споменува како можен дел од стручниот штаб на Ајакс, се огласија фановите на холандскиот тим.

„Веднаш да разјасниме некои работи, оваа будала не е добредојдена во нашиот клуб. Пред повеќе од три години, јасно му ставивме до знаење дека е персона нон грата. Ова не е се однесува на неколку патетични години, туку засекогаш. Весли, дури е да има само еден отсто вистина во гласините за твоето враќање во Ајакс, тогаш се уште покажуваш дека си идиот. Дури и да е вистина, ти си шизофреничар. Легендарниот тренер на Ајакс, Ринус Михелс еднаш рече: Фудбалот е војна. Епа, ако дојде Снајдер, тогаш ќе има војна“, објави навивачката група Ф-сајд на социјалните мрежи.

- Оглас -

Најнови вести