Потписот на Арјен Робен за Гронинген беше инспирација за неговиот поранешен соиграч Весли Снајдер, па сега и 36-годишниот Снајдер сака да ја прекине пензијата и повторно да игра, исто како и Робен, во холандски клуб. Интерес за Снајдер пројавил Утрехт.
Снајдер кариерата ја заврши во август 2019 година, последен клуб му беше катарски Ал Гарафа. Имаше одиграни 573 меча и дадени 152 гола на клупско ниво, за Холандија постигна 30 гола на 134 средби. Интересно е што Сајдер е роден во градот Утрехт, а никогаш не играл за клубот од родниот град, туку уште како дете замина во амстердамски Ајакс.