Снајдер се откажа од камбек – Пандев остана единствениот Мохиканец од триплетата на Интер

Горан Пандев останува единствениот фудбалски Мохиканец од златната генерација на Интер што ја освои популарната триплета пред 10 години, откако клубот беше и шампион на Италија и ги освои Лигата на шампионите и го крена пехарот на Светскиот клупски куп.

Весли Снајдер кој му беше соиграч на Гоче во таа генерација најави можен камбек на фудбалските терени, но сепак нема да игра за холандскиот прволигаш Утрехт и останува во фудбалска пензија.

И сите останати играчи што настапија во финалето на „Сантијаго Бернабеу“ во Мадрид на 22. мај во 2010 година се простија од фудбалот.

Се уште активни се Кваресма, кој нема клуб, но и малку играше во таа сезона на апсолутна доминација на Интер, а и Арнаутовиќ и Балотели, кои беа дел од поширокиот состав на Нераѕурите имаа мало, или никакво влијание на успесите на Интер.

Пандев играше стандардно, а беше стартер и во финалето до 79. минута кога се веќе беше решено и Интер со двата гола на Диего Милито водеше со 2:0 и потоа победи со истиуот резултат.

Капитенот на македонската репрезентација се уште е активен и во 37-та година од животот и игра на врвно ниво, за Џенова во Серија А.

Пандев ќе настапува и идната сезона во Калчото, повторно како играч на најстариот клуб во Италија, а се надева дека ќе се присти од фудбалот со настап со Македонија на ЕП идната година.

- Оглас -

Најнови вести