Снајперот Кари руши рекорди, даде 49 поени за 29 минути игра (Видео)

Голден Стејт вориорс убедливо со 136:97 славеше над Оклахома во меч на кој блесна првата ѕвезда на Воините Стеф Кари. Снајперот на Голден Стејт беше незадржлив и за неполни 30 минути поминати на теренот успеа да постигне дури 49 поени. Кари воопшто не играше во последната четвртина затоа што неговиот тим имаше предност од 39 поени (106:67), а доколку беше на теренот можеше да постави неколку рекорди во НБА лигата.

И без играњето во последната четвртина, Кари има фантастични бројки зад своето име. Уште во првата четвртина покажа дека ќе блеска и за 12 минути даде дури 24 поени. Погодуваше дури и од невозможни позиции.

Ова е дури 33-ти пат во кариерата, Кари да има 20+ поени во една четвтина, а седми пат тоа му успева сезонава. На крајот постигна дури 11 тројки, кои се неговото главно оружје во нападот. Ова беше 22-ти пат во кариерата да има меч со 10+ дадени тројки. Следните пет на оваа листа на играчи со 10+ тројки заедно имаат 16 такви натпревари.

Оклахома сезонава е омилен ривал на Кари и во трите меча кои ги одигра завршуваше со 42, 34 и 49 поени. На сите три средби, Кари воопшто не играше во последните четвртин.

Во останатите мечеви кои се играа ноќеска постигнати се следните резултати: Индијана – Вашингтон 132:133 по продолжение, Филаделфија – Детроит 118:104, Торонто – Мемфис 99:109, Денвер – Бруклин 119:125, Портланд – Сан Антонио 124:102, Јута – Хјустон 124:116.

- Оглас -

Најнови вести