Снајперот на Торонто со 11 тројки го маѓепса Орландо и постави клупски рекорд (видео)

Фред Ванвлит, бекот на Тороно репторс, со неверојатни 54 поени и 11/14 за три поени постави нов клупски рекорд во победата од 123:108 на гостувањето кај Орландо меџик.

За 37 минути поминати на паркетот, Ванвлит приреди шутерско шоу во кое ги потопи Магичните и промаши само три обиди од вкупно 14 за тројка, додека со 9/9 беше перфектен од линијата за слободни фрлања.

Симултанката ја заврши со вкупен учинок од 17/23 шута од игра, па Ванвлит уште долго ќе остане запишан во историските книги на шампионот од сезоната 2018/19.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести