Влатко Стојановски постигна нов гол за Ним, втор откако летово пристигна во редовите на францускиот прволигаш. Вечерва во меч од Францускиот куп нашиот репрезентативец беше прецизен во 67-мата минута и намали на 1:2 против Сент Етјен.
Домаќините не успеаја да постигнат барем уште еден погодок и да се спасат од елиминација, па Сент Етјен оди понатаму.
Нашиот репрезентативец беше стрелец за Ним и на куп-мечот од претходната рунда, кога од пенал погоди во победата против Ленс од 3:0. И тогаш и вечерва беше стартер и покажа дека заслужува поголема минутажа и во мечевите од Лига 1 во Франција.
Голот на Стојановски погледнете го ОВДЕ.