Снаодлива Русинка ги издрибла правилата на Вимблдон, и ќе игра на лондонскиот грен-слем

Тенисерката Натела Џаламидзе, која игра во двојки и моментно е 44-та на ВТА листата во дубл, си го смени државјанството од руско во грузиско, за да може да игра на претстојниот Вимблдон, каде годинава им е забранет настап на тенисер(к)и од Русија и Белорусија поради војната во Украина.

Џаламидзе е родена во Москва, играше како Русинка, но таа сега стана Грузијка, па доби право да игра на Вимблдон. Организаторите на турнирот не може ништо да направат, па Натела ќе се појави во Лондон, како дубл-партнерка на Србинката Александра Круниќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести