Снаодливиот Крсте Велкоски даде гол во Тузла (Видео)

Македонскиот интернационалец, Крсте Велкоски, со својот гол во 6 минута, му донесе предност на Сараево од 1-0 на гостувањето кај Тузла сити, и му го отвори патот на својот тим до триумф од 3-0. Со новите три бода, Сараево се зацврсти на првото место на табелата. Сараево има 8 бода повеќе од Зрињски, со тоа што тимот од Мостар има еден меч помалку.

Велкоски кој ја носи капитенската лента во сараевскиот тим, добро се снајде откако противничката одбрана направи грешка, и од близина ја затресе мрежата на Тузла, за отворање на резултатот. Погледнете го голот на Македонецот:

- Оглас -

Најнови вести