Зимското време и обилниот снег кој деновиве врне во Германија направи проблем на фудбалски план. Челниците на Бундеслигата официјално потврдија дека два меча кои требаше да се играат утре (10 јануари), во рамките од 16. коло, се одложени.
Се работи за мечевите Санкт Паули – РБ Лајпциг и Вердер Бремен – Хофенхајм, а засега не се знае кога ќе биде новиот термин на одигрување.
Новото коло во Бундеслигата започнува вечерва со мечот меѓу Ајнтррахт Франкфурт и Борусија Дортмунд. По 15 одиграни кола, Баерн Минхен е водечки, со девет бода предност пред второпласираниот тим Борусија Дортмунд.

