Снегот нема да биде пречка да играат Болоња и Милан

Болоња и Милан вечерва треба да го комплетираат 16-тото коло во Серија А. До пред неколку часа имаше дилема дали средбата воопшто ќе се игра, бидејќи во изминатите неколку дена во градот падна многу снег. Иако има снег, стадионот „Дел’Ара“ ќе биде подготвен и мечот нема да биде одложен.

Болоња е под притисок дека мора да почне да победува, бидејќи моментно се наоѓа во зоната за испаѓање само со 11 освоени бодови досега. Милан има 26 бодови досега и е сигурен на чевртото место, но со нови три бода ќе дојде само на три разлика од Интер, кој е третопласиран на табелата во Серија А.

 

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести