Аталанта и Вилјареал синоќа требаше да го играат мечот кој треба да го даде патникот во ноакут фазата од Лигата на шампиони. За жал, временските услови беа такви да не може мечот да се игра во првичниот термин.
Вчера постојано вееше снег во Бергамо, па иако редарите се обидуваа да го исчистат теренот, стадионот остана целиот „во бело“.
Официјалните лица решија дуелот да се одложи за денеска и очигледно дека не згрешија. На еден и пол час до почетокот на средбата, домаќините се пофалија во каква перфектна состојба е стадионот во Бергамо.
Едноставно како вчера воопшто да не паѓало снег.
View this post on Instagram