Снимена цела акција како девојката успева да помине покрај обезбедувањето и да влезе на терен (Видео)

Ливерпул со 2:0 го победи Тотенхем и стана европски првак, но многумина зборуваат за нефудбалскиот момент од финалето во Мадрид. Атрактивната Кинсли Волански успеа да скокне од трибината, да помине покрај обезбедувањето и да втрча на терен.

Кинсли е девојка на познатиот You Tube комичар Витали, кој има направено ист подвиг како атрактивната блондика, на Светското првенство во Бразил во 2014 година.

Синоќа, Витали бил на стадинот во Мадрид, но на горниот дел од трибините и тоа специјално за да може подобро да го сними влегувањето на терен на неговата девојка.

Девојката беше приведена, но брзо потоа и пуштена на слобода. Со потегот кој го направи, таа се стекна со светска слава и за неполни 12 часа доби нови 1,5 милиони следбеници на Инстаграм профилот.

https://twitter.com/kinsey_sue3/status/1135078300903190528

 

- Оглас -

Најнови вести