Шокантна снимка се појави од нападот врз некогашниот фудбалски репрезнетативец на Турција Сархат Акин. Немилиот настан се случи по завршување на дуелот меѓу Фенербахче и Унион Сен Жил во Лигата на Европа. Акин бил гостин на едно телевизиско шоу, а по излегувањето од студиото бил сочекан од напаѓачот.
Додека Акин оди кон својот автомобил, од улицата притрчува човек кој почнува да пука кон некогашниот фудбалер, но за среќа не е прецизен. Напаѓачот потоа бега со помош на мотор и кој го чека во непосредна близина.
🎥 Eski milli futbolcu Serhat Akın’ın uğradığı saldırı güvenlik kamerasında
(AA) pic.twitter.com/P7sqm7wpF6
— Fanatik (@fanatikcomtr) September 27, 2024