Сомнежите и шпекулациите дека натпреварот помеѓу Мајк Тајсон и Џејк Пол бил наместен и само шоу претстава за публиката сега се поткрепени со една снимка.
Поранешниот боксерски светски шампион во тешка категорија зачекори во рингот по 19-годишна пауза за да се соочи со Јутјуб-сензацијата.
Според многу експерти, Пол лесно можел да го собори својот славен ривал, но намерно не го направил тоа. Сепак, можеби е и обратно, на социјалните мрежи кружи видео од борбата на кое се чини дека Челичниот Мајк е тој што „намерно“ ја пропушта одличната можност за разорен удар во главата на Пол.
Погледнете како левата страна од лицето на Пол е отворена, но Тајсон наместо да пласира удар, само ја спушта раката:
Remember how Mike Tyson avoided dropping Jake Paul??? 😂🫵 pic.twitter.com/h4R5al1riS
— BeksFCB (@Joshua_Ubeku) November 20, 2024