Лионел Меси на натпреварот на Интер Мајами против Далас даде гол од слободен удар со кој го спаси својот тим од пораз, а се појави една снимка која покажува дека славниот фудбалер со помош на трик ги измами противниците и судиите кои не забележаа што се случува.
Меси пет пати, малку по малку, ја поместуваше топката кон средина на теренот, додека таа не се најде таму каде што сака тој. На крајот Лео беше задоволен од позицијата и даде убав гол за изедначување на 4-4.
Погледнете го видеото кое докажува какви финти користи моментно најдобриот изведувач на слободни удари во светот:
https://www.youtube.com/shorts/PH_7YOqY_0Y