Серхио Рамос иницирал кај раководството на Пари Сен Жермен состанок со Килијан Мбапе и Нејмар за да се поправат недоразбирањата меѓу двете егоистични ѕвезди на тимот кои се скараа околу еден пенал, по што настана и аферата „Пеналгејт“ како што ја нарекоа во медиумите.
Мбапе на мечот со Монпелје викендов утна пенал, а неколку минути подоцна судијата досуди нов пенал за ПСЖ. Овојпат топката ја зеде Нејмар, кој даде гол, но тоа не беше примено пријателски од соиграчот Мбапе.
Се појави и снимка на која се гледа како Мбапе ја бара топката за повторно да изведе пенал, го поттурна Меси додека одеше кон Нејмар, но Бразилецот не му попушти. Пред да шутне Нејмар, Мбапе му кажа нешто и чепкајќи го носот од нервоза, си замина.
Ситуацијата ја влоши Нејмар, кој лајкна објава на „Твитер“ во која беше објавено дека тој треба да ги шутира пеналите, а не Мбапе, кој како да има клаузула во договорот дека мора да ги изведува казнените удари од 11 метри.
Еве што се случуваше пред Нејмар да го реализира пеналот: