Жељко Обрадовиќ одлучи да го напушти Партизан. Една од причините што ги наведе беше неговата неспособност да соработува со играчите. На социјалните мрежи се појави видео на кое јасно се гледа дека трофејниот стручњак го „изгубил“ тимот.
Претседателот на Партизан, Остоја Мијаиловиќ, откри како се одвивале сите работи околу оставката на Обрадовиќ.
„Уште пред гостувањето во Атина, Обрадовиќ се пожали дека играчите не го слушаат и дека нема решение. Денот пред патувањето за Атина закажав состанок со Зоран Савиќ и Жељко Обрадовиќ и неговиот тренерски штаб. Жељко на состанокот изјави дека играчите не ги слушаат неговите одлуки, дека нема решение за ситуацијата. Тоа беше првпат кога ја спомена својата и оставката на тренерскиот штаб. Заклучокот од состанокот беше дека по враќањето од Атина, ќе им објаснам дека мора да ги почитуваат своите договори.
Што се однесува до играта, во второто полувреме беше јасно дека сите тонат. Кога го видов Жељко во тој момент, речиси се расплакав. Иако ретко плачам…
Следното утро добив порака од Обрадовиќ: „Можеме ли да разговараме?“ Како да имав претчувство дека ќе ја понуди својата оставка. Ми рече: „Слушај, донесов одлука, поднесувам оставка. Го направив ова намерно во овој момент, можеш да најдеш нов тренер. Играчите не ме слушаат, не можам повеќе да поднесам“. Ми рече дека донел конечна одлука“, раскажа првиот човек на Партизан, Мијаиловиќ.
Инаку на социјалните мрежи се појави снимка од дуелот на Партизан против Барселона, кога Обрадовиќ во еден момент ги повикува кошаркарите да дојдат кон него и да им даде совети, но тие наместо кон тренерот, се собраа под рекетот на еден од кошевите.
nije ovo slucajno izgleda pic.twitter.com/q2jh08XxLQ
— Azur Delalić (@DelalicAzur) November 30, 2025

