Кое е правилото поради кое голот на Елиф Елмас беше поништен и ја скрати радост на Македонија пред крајот на првото полувреме во дуелот против Словенија? Елмас беше во чиста позиција, шутираше, а топката заврши во мрежа.
Тогаш реагираше голманот на Словенија, Јан Облак кој сигнализираше дека бил маркиран од Бобан Николов, кој беше во офсајд позиција и наводно му пречел на противничкиот голман да реагира.