Снукер играчот Курт Мафлин, вечерва во 16-тиот фрејм на дуелот против Дејвид Гилберт беше на пат да направи максимален брејк од 147 поени, и имаше тешка позиција од која сепак ја внесе црвената топка во дупка, но белата мораше да ја извлече за црната, и не успеа, бидејќи белата се судри со жолтата и се сокри зад сината, па немаше шанса да ја погоди црната и да продолжи кон брејк од 147.
Мафлин ги загуби нервите, и откако сфати дека нема ништо од максимум, покажа среден прст кон белата топка. Пред продолжувањето на мечот, Мафлин доби опомена од судијката Татјана Вуластон, да не го повтори тоа, и дека нема да се толерира таков однос.
Погледнете зошто Мафлин се изнервира и како покажа среден прст во пренос пред повеќемилионскиот аудиториум:
https://twitter.com/i/status/1290023574892240898