Снуп Дог напиша песна во чест на Коби (видео)

Популарниот Снуп Дог напиша песна во чест на Коби Брајант на гал- вечерта на „ESPY“ спортските награди. Хип-хоп артистот одлучи да испрати последен поздрав до легендата на ЛА лејкерс, кој загина во хеликоптерска несреќа во јануари годинава заедно со неговата ќерка Џиџи и уште седуммина луѓе.

Познато е дека Снуп и Коби беа блиски пријатели, додека раперот е тврдокорен фан на Езерџиите и често можеше да се забележи во првиот ред за време на натпреварите во „Стејплс центарот“.

Во песната и во видеоспотот се работи за блескавата кариера на Брајант од почетокот до самиот крај, неговите достигнувања и какво влијание имаше врз кошаркарта и градот Лос Анџелес.

- Оглас -

Најнови вести