Снуп Дог со песна го моли Кавај Ленард да потпише за Лејкерс (Видео)

Кошаркарската јавност ќе почека уште некој ден за да дознае во кој клуб Кавај Ленард ќе ја продолжи својата кариера, но се шпекулира дека ја отфрлил идејата за премин во ЛА клиперс, па му останува да бира помеѓу останување во првакот Торонто репторс и преселба во ЛА лејкерс, кој со него во составот би бил сериозен кандидат за титулата.

Се шпекулира дека Кавај ќе остане во клубот кој може да му понуди најмногу пари, но Ленард е роден во Лос Анџелес и во дресот на „езерџиите“ би играл заедно со ѕвезди како Леброн Џејмс и Ентони Дејвис.

Еден од најпознатите фанови на Лејкерс е раперот Снуп Дог. Тој смисли кратка песна во која бара од Ленард да премине во Лејкерс.

„Кавај, Кавај, кажи ми дека ќе дојдеш во Лејкерс“, пее раперот, кој со музика се обидува да влијае врз одлуката на НБА-ѕвездата и МВП на финалето на плејофот.

Слушнете ја песната која брзо стана хит по социјалните мрежи:

https://www.youtube.com/watch?v=LnB4Pm_LlFs

- Оглас -

Најнови вести