Дека не се знае кога среќата може да ве погоди, се потврди и во случајот на еден типстер во Германија. Според пишувањата, Босанец кој живее во близина на Дизелдорф, изминатиов викенд имал неверојатна среќа играјќи во обложувалница.
Типстерот уплатил само 10 евра на вкупно 19 парови и успеал да ги погоди сите, а тоа му донело дури 100.000 евра. Човекот не сакал да го открие идентитетот, но сепак го сликал ливчето како доказ за неговата умешност и среќа.