Лара Гут – Бехрами која важи за една од најдобрите скијачки на денешницава, имаше страшен пад на Супер-Г трката во швајцарски Сент Мориц.
Таа возеше одлично во првата делница од патеката и имаше половина секунда пред Микаела Шифрин, но, во еден од доскоците, Лара загуби рамнотежа по што со брзина од речиси 100 километри на час се удри во заштитната ограда и се преврте.
Сепак, по 20-минутна интервенција на медицинската помош, таа беше оспособена и со нивна помош се врати на целната рамнина каде што беше пречекана со огромен аплауз.