Леванте и Атлетико Мадрид одиграа 2-2 во првиот меч од последното коло во шпанската лига. Македонскиот репрезентативец Енис Барди, ги одигра сите 90 минути, исто како и Антоан Гриезман кој го одигра својот последен меч во дресот на Атлетико. Интересно е што додека силите на теренот беа изедначечни според бројот на фудбалери, Леванте водеше 2-0, а по исклучувањето на Анхел Кореа, гостите дадоа два и не примија гол.
Роџер Марти со својот 13-ти гол се потврди како прв стрелец на Леванте сезонава. Леванте е тим кој даде најмногу голови од прекин сезонава во шпанската Ла Лига, има дури 15 гола од пенали, директно од слободни удари, или после нафрлување од корнер или од страна.
Тимот на Барди сезонава даде 59 гола, што е нивен клупски рекорд, пет повеќе од сегашниот најголем голгетерски учинок од сезоната 2011/2012.
Откако „јорганџиите“ останаа со играч помалку (исклучен беше Кореа), Родриго даде убав гол за гостите. Атлетико сезонава даде 14 гола со шутеви од надвор од 16-никот, со што е најдобар во лигата.
Потоа стрелец беше 18-годишниот Серхио Камелјо, за кого ова е прв гол во сениорскиот тим на Атлетико. Камелјо кој пред 97 дена стана полнолетен, стана шест најмлад стрелец во историјата на Атлетико, а даде гол од својот прв шут кон противничкиот гол на еден меч од Примера дивизија.