Со 19 додавања, Топчиите ја имаат најдолгата акција во ПЛ која заврши со гол (видео)

Арсенал со 2-1 го доби мечот против Шефилд јунајтед во четвртото коло од Премиер лигата, во кој домаќините ја креираа најдолагата акција преку која реализираа погодок за оваа сезона.

Точно 19 додавања беа потребни меѓу играчите на Арсенал за да стигне топката до Пепе и да се затресе мрежата на Рамсдејл. Во само три минути Топчиите поведоа со 2-0, откако претходно реализираше младиот Сака, а Мекголдрик ги постави конечните 2-1.

https://twitter.com/onlyfootygoals/status/1312762606059483138

По поразот од Ливерпул во претходното коло, Арсенал се врати во победнички ритам и сега има девет бода, додека Шефилд го претрпе четвртиот последователен пораз во шампионатот.

Во меѓувреме, со минимални 1-0 славеше Вулверхемптон во дуелот против Фулам.

- Оглас -

Најнови вести