Со 40 денари му избегаа 400.000 денари, а играта е иста како на охридските тикети кои донесоа 20.000 евра добивка

Една од најкористените реченици на обложувачите кога нема да имаат добитен тикет е дека „за едно не фатив“. Ова е тикет уплатен вчера во Гостивар, каде што буквално за еден меч играчот во Sport Life не успеа да заработи 403.959 денари бруто-добивка, и тоа само со 40 вложени денари.

Одиграни се пет меча од Лигата на шампионите со интересна тактика. На сите пет требаше да биде нерешено на полувреме, а така и беше. Шахтар – Селтик беше „икс“ на полувреме и тоа беше доволно, додека останатите четири меча имаа уште услови за да бидат погодени, а три беа фатени, но една беше „мина“.

Глазгов ренџерс во првото полувреме му парираше на Наполи и беше 0:0, но италијанскиот тим во вториот дел постигна три гола и стигна до победа од 3:0 за погодена комбинација Х2&2-4 со коефициент 8.75.

Немаше голови ниту на дуелите Манчестер сити – Борусија Дортмунд и Реал Мадрид – Лајпциг, а во вториот дел домаќините „се разбудија“ и се радуваа на триумф. Англискиот првак со 2:1 ги победи Милионерите, и тоа благодарение на головите на Стоунс во 80-тата минута и на Ерлинг Халанд во 84-тата минута. За Х-1&2-4 коефициентот е точно 7.

Кралевите од Мадрид во второто полувреме постигнаа два гола против Лајпциг за триумф од 2:0 и погодена комбинација Х-1&2-4, што носеше коефициент 7.75.

Киксот поради кој тикетот не е добитен се случи во Копенхаген, каде што данскиот првак одигра 0:0 против Севилја. Според одиграната комбинација, Севилја требаше да победи на крајот во меч на кој ќе има 2-4 погодоци, но тоа не се случи.

Дека оваа игра да е нерешено на полувреме, а на крајот да победи фаворитот во комбинација со повеќе погодоци е атрактивна и омилена кај обложувачите покажаа и добитните тикети од вторникот во Охрид. Таму беа уплатени два идентични тикети и на влог од по 50 денари, добивките беа по 10.000 евра. Тие тикети може да ги видите ТУКА.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести