Ги чини милион евра по меч, ама шампионот не сака да ги плати

Колумбиецот Џордан Осорио ги одигра петте предвидени натпревари, дури има и два повеќе во дресот на рускиот првак Зенит, клуб кој сега не сака за него да ја плати задолжителната отштета од 7 милиони евра на сметката на Порто.

Двата клуба во договорот за позајмица на 26-годишниот дефанзивец вклучија клаузула за откуп на договорот, која е задолжителна, ако Осорио одигра барем пет натпревари во дресот на Зенит сезонава.

Џордан играше 7 пати и условот е исполнет за тој да остане во редовите на рускиот првак со перманентен договор, но раководството на Зенит сега ретерира и не сака да му плати на Порто 7 милиони евра.

Позајмиците на играчите од клуб во клуб се во мода во последните десеттина години, а се вклучуваат разни клаузули, за минумум број на настапи, голови, минутажа и слично, по кои мора да се активира анексот во договорот на клубовите.

Порто има право да се жали до УЕФА и веројатно ќе го добие спорот, но првакот на Португалија засега не се изјаснува дали ќе оди по судски пат, или ќе се обиде одново да се договори со Зенит за 26-годишнито Колумбиец.

- Оглас -

Најнови вести