Со 90 отсто веројатност овој меч завршува со комбинација НГ

Алкоркон и Малага играат во единствениот меч од вторта шпанска лига денеска. Алкоркон е тим на кој му нема спас од испаѓање и во 21 меч освои само 11 бодови, па заслужено е „закован“ на дното од табелата. Луго, кој е на позиција за спас од испаѓање има 24 бодови, односно дури 13 повеќе од Алкоркон.

И Малага нема некоја сезона за фалење, па некогашниот член на елитната Примера дивисион сега е на 14-тата позиција во Сегунда дивисион само со 27 бодови од 21 натпревар.

Алкоркон само со 16 постигнати погодоци го има најслабиот напад во Лигата, а ниту гостите не се многу за фалење затоа што Малага сезонава даде само 20 погодоци (петти најслаб напад во лигата со 22 клуба).

Малага е најслабиот гостин во Лигата и единствен без победа. Во 10 гостувања освои само четири бода (четири реми и шест порази), а даде само осум погодци.

Освен моменталната форма дека ова се два тима кои имаат слаб напад, традицијата само потврдува дека вечерва не треба да се очекуваат погодоци. Во изминативе три и пол години имаат одиграно девет натпревари, од кои дури осум завршиле со резултат во кој едниот тим не постигнува гол. Во обложувалница тоа се вели „нема гол“, односно НГ (барем едниот тим да не постигне погодок).

Во Sport Life овој меч е дел од понудата и има интересни коефициенти за играње на погодоци.

ПОСЛЕДНИ ДЕВЕТ МЕЃУСЕБНИ ДУЕЛИ

Малага – Алкоркон 1:0

Малага – Алкоркон 0:3

Алкоркон – Малага 0:1

Малага – Алкорков 1:0

Малага – Алкоркон 0:2

Малага – Алкоркон 2:0

Алкоркон – Малага 1:0

Алкоркон – Малага 1:4

Малага – Алкоркон 1:0

- Оглас -

Најнови вести