Две одлични акции и два гола на Хоакин Кореа во кус рок од 8 минути во второто полувреме му беа доволни на Интер да го победи Удинезе со 2:0 и да остане во трката за титулата во Италија.
Аргентинецот со одличен продор и гол во 60. минута ја круниса акцијата на целата екипа на Интер најави победа против Удинезе во меч од 11. коло во Серија А.
Со уште еден гол по нова добро смислена акција Кореа во 68. минута го потврди триумфот на фаворитот пред својата публика во Милано.
Интер остана на третото место на табелата со 24 бода, зад Наполи и Милан кои имаат по 28 бода, но и по еден меч помалку.
Кај Удинезе во составот го немаше Илија Несторовски, а по денешниот пораз популарните Зебри се на 14. место со 11 бода во конкуренција на 20 екипи.