Со Алегри во Јувентус доаѓаат и две засилувања

Масимилијано Алегри денеска беше именуван за нов тренер на Јувентус. За стратегот ова всушност е враќање во старото јато, во тимот со кој освојуваше титули во Серија А. Алегри како шампион со Јувентус, пред две години реши да си земе пауза и не работеше никаде, за сега повторно да се вратим кај Старата дама со која пет пат беше првак во Италија.

Освен враќањето на Алегри, се очекува Јувентус во најскоро време да ги промовира првите две засилувања. Голманот Џанлуџи Донарума од Милан треба да се пресели во Торино, а во најтрофејниот клуб во италија треба да се приклучи и Мануел Локатели кој игра во Сасуоло.

Локатели е играч за врска кој во изминативе три сезони игра одлично во дресот на Сасуоло и го привлече вниманието на повеќе клубови, но Јувентус е прва опција.

- Оглас -

Најнови вести