Еурофарм Пелистер вечерва од 20.45 часот ја пречекува Висла Плоцк во дуел од Лигата на шампионите во ракомет, прв меч во најсилното натпреварување по подолго време и деби на Стевче Алушовски како тренер на Е. Пелистер сезонава во ЛШ.
„Кога ве вика Еурофарм Пелистер да бидете тренер, нема размислување, веднаш го прифаќате предизвикот. Чест ми е повторно што сум тренер на мојот матичен клуб. Пред нас е исклучително тежок меч, Висла во досегашните десет кола играше извонредно, на трето место е во групата, игра многу цврст ракомет. Имаат одлична транзиција, дисциплина во напад. Моите очекувања се преку една техничка дисциплина, тимски дух, сплотеност и заедништво, да успееме да направиме добар резултат. Ги знаеме добрите и слабите страни на противникот, се надевам на изворедна атмосфера во салата, им порачувам на сите да дојдат во салата и со нивна помош да направиме добар резултат“, рече Алушовски.
Квотите во Sport Life велат дека Висла е фаворит за победа, па ако верувате во македонскиот првак, уплатете, ве чека голема добивка. Исто така може да се обложите и на број на голови на некои поединци од битолскиот тим, како Кузмановски, Манасков и Пешевски.
Во Висла игра Мелвин Ричардсон, кој е еден од петте најдобри стрелци во ЛШ.


