Со Аргентина на чело и „кец“ на гаучосите, петте меча од Квоти на ден нудат одличен вкупен коефициент

Петте фудбалски меча од денешната понуда во Квоти на ден ако ги одиграте заедно со понудените комбинации ќе ви донесат вкупен коефициент од 42.41. Олимписката селекција на Аргентина е апсолутен фаворит за победа над Ирак, а опцијата за триумф на Гаучосите и да има барем по еден погодок во двете полувремиња се вреднува со 2.05.

Нортсјеланд и Мидтјеланд треба да одиграат пресметка без многу калкулации и да има победникво дуел на кој двете екипи ќе постигнат барем по еден погодок. Оваа комбинација е со квота од 2.20.

Спарта Прага е фаворит на гостувањето кај Теплице и тука опцијата е гостите да постигнуваат од 1-3 погодоци во двете полувремиња. Коефициентот за оваа игра е 2.25.

Малме на свој терен е голем фаворит за победа над Сириус и домаќинот уште во првото полувреме треба да ги реши сите дилеми, односно да води, а на крајот и да победи. Треба да има и од два до шест гола, за да биде добитна комбинацијата од 2.20.

Базел и Лугано се очекува да играат натпревар со погодоци во двете полувремиња, но да нема повеќе од три погодоци. Оваа популарна комбинација е со квота од 1.90.

- Оглас -

Најнови вести