21.8 C
Skopje
петок, 11 јули 2025

Со Арсенал освои титула и беше дел од Непобедливите, а сега продава овошје и зеленчук

Поранешниот шведски репрезентативен голман Рами Шабан, по завршување на кариерата реши сосема да се тргне од фудбалот. Шабан од 2002 до 2004 година беше дел и од англискиот премиерлигаш Арсенал, период кој беше историски за Топчиите, бидејќи во 2004 година ја освоија титулата без ниту еден пораз.

Шведскиот голман пристигна на „Хајбери“ за да биде замена за Девид Симан и бранеше на два меча во Лигата на шампиони и три средби во Премиер лигата, но потоа ја скрши ногата и мораше подолго време да паузира. Арсенл Венгер тогаш мораше да најде замена и го доведе Јенс Леман, а германскиот голман се промовираше во прв чувар на мрежата.

Шабан кој имаше и 16 настапи за шведската репреентација, ја заврши кариерата пред десет години и се одлучи да продава овошје и зеленчук. Во фарма во Египет, земјата на неговиот татко, Шабан прозиведува овошје и зеленчук кој потоа го транспортира во Шведска и таму го продава преку фирмата „Рами Фреш“.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by @rami.fresh

Голманот кој беше прогласен за најдобар во Шведска во 2006 и 2007 година покажува дека може да биде успешен и во поле кое нема допирна точка со фудбалот.

- Оглас -

Најнови вести