Со ас од 227 километри на час го погоди девојчето што собира топчиња (видео)

Казахстанскиот тенисер Александер Бублик се спаси од суспензија откако со неверојатна брзина при сервирање погоди едно од девојчињата кои собираат топчиња во вчерашниот дуел против Алберт Рамос на турнирот во Хамбург.

Бублик сервираше за победа, а неговиот ас од 227 километри на час заврши директно во девојчето, кое од болка се држеше за раката. Бублик веднаш истрча да провери дали го повреди девојчето, но на крајот сè се заврши во најдобар ред, по што ѝ подари топче за спомен.

При ваков сличен инцидент во кој главната улога ја имаше Новак Ѓоковиќ, беше дисквалификуван откако непромислено и ненамерно погоди линиски судија на ОП на САД.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести